И двајцата знаат да креираат чудесна атмосфера во нивните дела, па не е ни неочекувано што крајниот производ изгледа како што изгледа.
Јоргос Лантимос стана култен поради уникатниот и надреалистичен пристап кон трилерот - од „Убиството на светиот елен” до „Јастог”, грчкиот режисер станува познат по способноста да креира бизарни светови во неговите филмови.
Букот е спремен во Галеријата Леда, во Вила Албани Торлонија во Рим, а моделите позираат меѓу антички римски и грчки скулптури. Повозрасни мажи и жени со напудрена бела кожа имитираат статуи од мермер, а помлади модели шетаат во шарени и еклектични Гучи комбинации.
„Да се организираат актери и модели да комуницираат со околината, наспроти антички скулптури и ѕидови стари стотици години е многу возбудливо,” објаснува Лантимос. „Процесот личеше на проба за некоја претстава, или на почетна фаза од создавање на ритуал кој луѓето на фотографиите ќе го повторуваат со години во иднина.”
Користејќи една статуа во градината на вилата, наречена „Леда и лебедот”, римска копија на грчкиот оригинал, Алесандро Микеле е инспириран да создаде фото-сесија која ја истражува, меѓу другото и важноста на вредноста на копијата.
А тоа што Микеле го направи во Гучи совршено одговара со тоа што Лантимос го прави филмски. Режисерот вика дека бил „пресреќен што имал можност да ги создаде овие слики, инсприрани од работата на Алесандро Микеле.”