Москино ја претстави новата колекција со кукли

Џереми Скот смислил традиционална ревија. Со тоа што, манекенките се кукли, а облеката е минијатурна верзија на оригиналот

И тоа до детали, до ташни и накит, а не пропуштиле ни да стават кукли-гости во прв ред.

„Јасно ви е дека конците ги држат луѓе,“ истакнува Скот. И бидејќи не може да се работи како до сега, решава да го прослави хуманото и физичкото, иако сепак - со кукли. „На луѓето не им е гајле за занаетчиството на тој начин, но сепак се луѓе - направени од луѓе. Сакав да најдам убав, елегантен начин да раскажам приказна за создавањето и историјата на модата - наместо некоја дигитална глупост.“

Марионетите се од работилницата на Џим Хенсон, име што ви е познато од Мапети. „Додека светот пука по шевови, ќе се откријат некои скриени нешта на кои се работело сето ова време,“ пишува во изјавата на Скот. Со ова се истакнува долго запоставуваните техники на изработка - деликатни рабови, комплексни кроеви, корсети, панели, жици - секакви сарторијални детали што претходно се скриени внатре во парчето облека - сега се надвор и видливи.

Ако постои соодветен лек за напорот наречен 2020, за носталгијата за старите ревии и моќта да нѐ транспортираат, тогаш тоа е преку детското чувство за бегање од реалноста на Џереми Скот. „Тоа е најдобро што можам да им понудам на луѓето,“ вели за потребата да креира весела мода. „И најреално ме претставува и мене и Москино.“

И филмчето мора да се гледа:

30 септември 2020 - 08:37