Замисли Канје да ти е маж

За нејзиниот роденден, Канје Вест на својата сопруга ѝ обезбеди подарок во вид на холограм од нејзиниот починат татко. Изненадување е, но сепак не е неочекувано за него да смисли поклон од вакви претерани размери. Она што упорно изненадува, без разлика што веќе се навикнавме на Канје Вест и сите негови проблеми е - како може Канје да е толку Канје и како холограмот честиташе роденден.

Ако малку прочепкате по социјалните мрежи на ова семејство, ќе видите дека се сите до солзи избезумени од воодушевување. Роберт Кардашијан почина во 2003 и ова е најблиску до негово реално движење и зборување во 2020.

Го има изработено компанијата Калеида, со материјал наречен „холонет“, кој содржи вистинско сребро за да ја рефлектира проектираната светлина и да постигне холографски ефект. Технологијата, меѓу другото користи и следење движења, SFX, VFX и дипфејк.

И што направија да каже Роберт Кардашијан?

Да ѝ честита роденден на Ким.

Да каже колку се гордее со нејзе и со нејзиното семејство.

Да потанцува и да попее малку.

Да каже колку е горд на нејзината успешна кариера.

И најважното:

Дека се омажила за „нај, нај, нај, најгенијалниот човек во целиот свет, Канје Вест.“

А што, вие мислевте дека Канје ќе пропушти да биде Канје дури и во ваков емотивен момент?

Не бидете наивни.

Замисли да ти е маж Канје Вест, дури и да имаш критериуми како Ким Кардашијан, само замисли!

А технологијата е импресивна, мора да признаеме:

6 ноември 2020 - 09:07