Се појави видео за возрасни со наслов „Не гласаш? Нема да свршиш!“ - жената што го има вредно спремено се вика Риал Кобра Командер (ОК, се пишува Cummander, ама коренот на зборот сами ќе си го преведете), прекар - Кобра. Професионална домина е во прашање, со идеја што ја добила во разговор со пријател од детство. Дискутирале крајно несекси тема - притискање гласачи, и пријателот предложил да проба со уникатен тип на JOI видео. „JOI“ за неупатените меѓу нас е jerk-off instruction, игра меѓу доминантен и субмисивен партнер каде што првиот дава упатства (да, за дркање), вториот слуша и не смее никако да избега од тоа што му се кажува. Ете така.
Главно, ваквите видеа се лесни за разбирање, но ова би имало перверзен твист: ако не се регистрираш за гласање, нема да свршиш. Просто.
Кобра одлучува дека ова не само што е пресмешно, туку и општествено важно. За Ролинг Стоун вели,
„Многу од изведувачите како мене не сфаќаат колкава моќ имаат. Вакво видео е многу продуктивно и интересно и плус може да се заработи.“
И излегува дека е така, голем број на клиенти ѝ пишале порака дека навистина ги натерала да се регистрираат за гласање. Во разгорената претседателска кампања, каде што аналитичари добиваат шестцифрени суми за предвидување на исходот што ќе го донесат круцијалните држави, една демографија никој не ја есапи - луѓето чија сексуална фантазија е да слушаат наредби и да бидат потчинети. И домините најпатриотски се трудат да ги убедат нивните потчинети да гласаат, со нудење попусти на нивните ОнлиФанс профили или со персонализирани содржини на Снапчат во замена за доказ дека гласале.
„Божицата Џиа“, домина за финансии и фут-фетиш, на Твитер понуди бесплатни содржини во тек на една недела, во замена за доказ дека нејзините потчинети гласале за Бајден. Дванаесет души ѝ пратиле слика од ливчето или од регистрацијата за партијата (иако во некои држави селфиња со ливчето се забранети).
Сепак, не е нова работа сексуални работници да го користат своето влијание за да поттикнат излегување на гласање. Во 2016, околу 500 вработени во легални бордели во Невада ја почнаа кампањата „Курвите за Хилари“ (зашо ние немаме вакви работи!!!!), иницијатива што многумина ја отфрлија како финта за публицитет, но на крај овозможи платформа за луѓе што политичките тешкаши не ги ни забележуваат: жени од работничката класа, во свои 20-ти и 30-ти години, кои зборуваат за нивната битка за плаќање сметки и издржување деца.
Џет Сетинг Џасмин, психотерапевт и мастер фетиш тренер со над 72.000 следачи на Инстаграм забележува дека многу од следачите ѝ се црни и кафеави жени меѓу 25 и 45 години, демографска група што историски се игнорира во гласачкиот процес. „Многу е важно овие луѓе да се ангажираат,“ вели таа. Половина од креаторите на содржини што работат на кампањата се домини со свесна одлука - за разлика од другите типови на инфлуенсери, домините се во позиција да ги натераат потчинетите да направат токму тоа што ќе им се каже, и ќе ги послушаат - инаку ризикуваат „предизвикување гнев.“
„Мислам дека можам да ги убедам, затоа што јас сум божица, а тие ќе ме слушаат за сѐ што ќе им кажам,“ вели Господарка Орион, професионална домина што води кампања на ОнлиФанс и од нејзините следачи бара да потсетат по тројца луѓе да гласаат пред изборите. Слично како како кај нас со списоците со по 15 души, само што кога ќе ги донесеш во штаб, не добиваш ништо опипливо. Како пример, Орион дава една ситуација, каде што потчинет ѝ рекол дека ако му каже, ќе пие вода од вц-шолја, на што таа му рекла барем прво да ја зоврие и да си направи чај, за да биде малку од малку хигиенски. Човекот споделил дека не сака чаеви и дека не му е проблем директно од шолја да ја пие. „И ми се чини,“ ќе каже Орион, „дека ако се спремни да пијат вода од шолја само ако јас им кажам така, фер е да ги терам и да гласаат.“
За разлика од нашите несексуални политичари, не сите домини имаат волја да ги тераат клиентите да гласаат за одреден кандидат.
„Во такви води не ми е удобно да влегувам,“ вели Кобра која во своите видеа не налага за кој кандидат треба да гласаат нејзините потчинети ако сакаат да стигнат до оргазам. „Кажувам мислење на социјалните мрежи, но сепак, за таква работа само сакам да сум сигурна дека луѓето придонесуваат кон општото добро.“ Вели дека и легалноста на гласот за Бајден е сомнителна ако разменуваш добра за него - проблем што минатиот месец го направи Тана Монжо, твитајќи дека ќе прати голи фотографии за сите што гласале за Бајден, што би можело да се смета за купување гласови, нешто што кај нас се прави со далеку побезвредни противуслуги.
Но, со оглед на високите влогови на овие американски избори, каде што Американците меѓу себе се заплашуваат дека ќе им пропадне и демократијата ако нешто не излезе како што треба, некои домини сметаат дека организаторите на кампањи би можеле да научат по нешто и од нив. Една од нив - Корт, раскажува дека еден од нејзините потчинети гласал за Трамп на претходните избори и дека повикот нејзините клиенти да гласаат за Бајден е инспириран од него. Ако ја одбиел, вели, веројатно ќе ја прекинела врската, без разлика на парите.
„Би морала да размислам за таа врска меѓу мене и потчинетиот, затоа што не се согласувам со вредностите на Трамп. Ниедни пари на светот не го менуваат фактот дека сум црнкиња, пред сѐ, секој ден од мојот живот.“
Затоа на робот му објаснила дека едноставно, оваа година нема да гласа за Трамп.
„Ми рече, да, божице,“ вели Корт. „Ете, толку беше лесно.“