„Емили во Париз“ ја обележа новата сезона на локдаунот годинава и многумина уживаа во ликот на Лили Колинс, додека ги касапеше францускиот јазик и култура во неонски бои на гардероба и високи штикли. Малку ни е незгодно од начинот на кој Нетфликс тоа го најави, но добро, серијата е guilty pleasure, па освен кутрите Французи што никако да го здогледаат Париз во серијата, и новата наезда борци за правда за француската метропола - никој нема да им замери.
Пуштија божем писмо од Силви, шефицата на Емили - дека Емили мораат да ја задржат на работа.
И ги погушкале малку и незадоволните:
„И покрај нејзината пресамоуверена природа и недостаток на претходно искуство во маркетинг на луксузни добра, секако успеа да шармира некои од нашите клиенти што се тешки за импресионирање за време на нејзиниот краток престој во Савоар.“
Останува да видиме што ќе ребрендира Емили во следната сезона, дали малку ќе поднаучи како функционира тамошната работна култура и дали продуцентите ќе почнат да остваруваат музички желби на незадоволните гледачи што сепак ја изгледаа цела сезона до крај.
Не мрчете многу-многу, забавно беше.
Да се потсетиме:
Гледајте „Емили во Париз“ на Нетфликс