Џордан Пил пак ќе преправа стар хорор

Џордан Пил досега се има докажано дека има осет за хорори, до тој степен што се осмели да преправа „Зона на самракот“, иако не најсреќно, но сепак: После „Ние“, „Бегај“ и „Ловци“, веројатно може да му се верува.

Култниот хорор од 1991 е „Луѓето под скалите“, а приказната го следи малиот Фул, кој провалува во домот на газдите на неговите родители и открива дека некои од поголемите браќа и сестри затворале и касапеле некои од помалите, и никој не ги фатил. Налетува на Алис, за чудо неповредена ќерка на семејството и наоѓаат начин да избегаат.

Оригиналот е на Вес Крејвен, и периодот пред да умре работел на серија со истиот наслов, но не успеал да ја заврши. А од Џордан Пил веројатно можеме да очекуваме сатирична тенденција, со оглед на неговите претходни дела.

Сѐ уште не се знае кој сѐ ќе се појави во филмот и нема датум за премиера, но она што се знае е дека на 1-ви ноември, 2021, оригиналниот филм полни 30 години. Пил се има покажано како хорор-нерд, па веројатно тогаш и може да се очекува.

Да се потсетиме (или да се запознаеме):

3 ноември 2020 - 11:07