Кога страдаш од пост-факултетска депресија

Во поново време, за повеќето луѓе, дипломирањето не значи мазна транзиција до работно место (на неопределено!) и блескав живот на академски граѓанин. Реалноста е далеку поразочарувачка и оваа транзиција може да биде тешка за менталното здравје

Прв пат се соочуваш со реалниот свет, добиваш реални одбивања, факултетот може те спремил за идејата дека „не си единствен“, ама дури откако ќе излезеш од тоа милје ти станува тоа јасно.

Ако сте меѓу луѓето што се за никаде по ова прашање - не сте единствени: Анкета спроведена од британска институција за ментално здравје покажува дека цели 49% од дипломците исто така се чувствуваат - за никаде. Ова го викаат пост-дипломска депресија - термин што сѐ уште не е официјално препознаен во медицината, но сепак претставува валиден проблем.

Стапката на невработеност во Велика Британија расте до 6.5% кај 16-24-годишни, а секторите како театар, угостителство и ноќен живот се прегазени од владините препораки за пандемијата. Ова ги отежнува шансите за вработување кај младите, но колку и да звучи излитено - има крај. Вакцините се ближат, а доколку младите се соочуваат со депресија, експертите за ментално здравје се свесни како тоа изгледа - дека чувството е безнадежно, дека нема да најдеш работа, или дека ќе ти биде вака засекогаш - и советуваат да се следат позитивните примери во овој контекст. Тесно се врзани со лица кои решиле пост-дипломската депресија да си ја однесат на психолог или психијатар, каде што според истражувањата, би можела да помогне когнитивно-бихејвиорална терапија и не-медицински стратегии како јога.

Во секој случај, за да знаеш во кој правец да се движиш, прво треба да се препознаат знаците. Личи на „нерасположеност“, но треба да процените кога преминува во нешто потешко од тоа. Депресијата има симптоми како константно чувствување тага, безнадежност или истоштеност, или губење мотивација да ги направиш работите во кои претходно си уживал. Оние кои се соочени со ова се советуваат да не страдаат насамо, туку да се насочат кон разговор со луѓе или со професионалец, а особено може да помогне фактот што ќе дознаеш дека не си сам во тој феномен.

12 ноември 2020 - 15:46