Спотовите се новите модни ревии?

Модниот свет упорно се труди да се адаптира на новото нормално, и до сега како најдобро да им оди снаоѓањето, барем ако се земе Москино предвид. Сега се префрлаат на нова платформа: музички спотови.

Минатата недела, раперот Дрејк објави модна соработка со Најк, со наслов Certified Lover Boy и главните парчиња, меѓу кои и најбараната розева бомбер јакна, ги прошета во спотот за Laugh Now Cry Later.

Според Џеф Карвало, со-основачот на Highsnobiety - сајт за улична мода, влијанието што попот го има на модата не е нова работа - нека ви текне на синџирите на Ран Диемси, или карираните кошули на Нирвана, на пример. Сепак, во 2020, има нова промена.

„Понесубверзивно е од порано,“ објаснува Кравало. „Кога аренби и хип-хоп изведувачите носеа некаква облека во нивните спотови во ’90-те, тоа беше изјава за стил што сакаа да им биде препознаен. Сега се работи за спојување брендови и сите брендови сакаат да се спојат со влијателни изведувачи.“

Според Кетрин Бејли, аналитичар во Edited, спотовите исполнуваат уште една дупка во просторот:

„Спотовите го реплицираат тоа чувство на бегство од реалноста што го носи модната недела. Се искористуваат на нов начин клучните елементи, и тука влегува театарот, продукцијата, статусот на славните и облеката што ‘сите ја сакаат’.“ Така и апетитот на луѓето за ново за гледање им расте и остануваат подолго дома.

Специфични парчиња од најголемите поп-спотови што излегоа годинава (чии прегледи се бројат во стотици милиони) инстантно се бараа онлајн. После WAP на Карди Би и Меган Три Сталион, замислете, на луѓето не им било толку језиво леопардски и змиски принт, па пребарувањата на интернет се вивнале за 201%.

Ова, бидејќи Карди Би е една таква икона на одмерениот стил.

На сличен начин, откако излезе спотот на Хари Стајлс за Watermelon Sugar, кој сигурно не сте го гледале, луѓето ја барале неговата цветна, полупрозирна кошула (затоа не сте го гледале спотот), а спотот за Динамит на БТС е директно поврзан со пребарување едни капи што личат на рибарски, ама не се. Фановите едноставно сакаат да носат нешто што го виделе кај омилен артист во спот, без разлика дали е соработка, или едноставно избор на производ.

Никола Формичети, која има работено со Лејди Гага на повеќе спотови, вклучувајќи ги и Bad Romance и новиот Rain on Me, вели,

„Кај спотовите има еден наратив што на модата ѝ дава живот. Многу поефикасно и поинтересно е да се прикаже модата преку приказна. Како да ја гледаш на краток филм, наместо на писта.“

9 ноември 2020 - 08:45