6 навики што ве уништуваат емотивно

Psych2Go е одличен Јутјуб канал што има цел да ги доближи информациите за ментално здравје до обичниот народ. Со оглед на тоа што на толку труд, сѐ уште е табу тема, Јутјуб, а особено ваквите пријатни канали, се супер извор на информации.

Во едно свое излагање, зборуваат за навики што ни ја уништуваат емотивната благосостојба. Често не сме ни свесни за нив, но тоа не значи дека не успеваат да ни се протнат и да ни уништат нешто што така грижливо сме се обидувале да го зачуваме.

Еве ги, сите што работат против нас:

  • Поттиснување емоции, особено бес.
  • Собирање стрес
  • Негативни мисли и чувство на неуспех
  • Премногу време на социјални мрежи
  • Неискреност со себе
  • Лошо држење на телото

Сите овие работи се чинат неизбежни во денешно време и во моментов може се нервирате околу „како да не се нервирам!“, но, строгиот одговор на професионалците ќе биде дека едноставно - мора да се работи на тоа. И исто како што се тренира телото да биде во грч и да се нервира, макар и несвесно, може да се научиме да бидеме попријатни према самите себе. Не е ова токсична позитивност, туку наука:

5 ноември 2020 - 14:27