Човекот си споделува ствари што ги вика „супер брачни совети“, или бетер, „профи брачни совети“, на шок и неверување на сопствената жена.
Ќе прашате зошто.
„Ако жена ти е уморна, можеш да ѝ помогнеш, со тоа што ќе ѝ направиш список на обврски, и така ќе ти биде благодарна што си се потрудил наместо неа.“
„Ако жена ти ти е лута, едноставно искористи ја фразата ‘Иста си ко мајка ти.‘ Оваа фраза ќе предизвика жена ти да размисли малку за своето лошо однесување и ќе оди да ти направи сендвич.“
„Кога ќе направиш нешто добро за нејзе, секогаш давај ѝ на знаење. На пример, кога ќе ги ставиш алиштата до машина за да може побрзо да испере, откако ќе заврши со правење вечера.“
„Твојата жена цени искреност, и ако те праша дали другарка ѝ е поубава од нејзе, едноставно кажи да, затоа што жена ти така повеќе ќе те цени и ќе те сака.“
„Секогаш оставај ѓубре по дома, за жена ти да мора цело време да оди по тебе и да чисти. Зафатена жена значи среќна жена.“
„Секогаш искористувај ја приликата да ја потсетуваш жена ти дека се омажила за прилика. Ќе се согласи со тебе и ќе биде благодарна што си одвоил време да се ожениш за некоја мивка како нејзе.“
Накратко кажано, ако ви се разведува… еве: