Живот и забава

Луѓето што уште чекаат плата од Лондон 2012.

Најмалку единаесет луѓе, што стјуарди, што членови на обезбедувањето, и по 4 години од завршувањето на Олимпијадата се уште се заглавени помеѓу "вас никогаш никој не ве вработил" и "ние ги исплативме сите пари за плати".

Хомеопатијата е гола вода

Официјалниот заклучокот е дека хомеопатијата е "терапевтски ќорсокак", а заклучокот е од систематска рецензија која покажала дека третманот не е ништо поефикасен од плацебо.

Лекции од луѓето што не се дебелеат

Ако цел живот си слаб, тогаш не е супермоќ, ама па не е ни диета, едноставно така го тераш животот. Ама не е баш и дека "блазе тебе, ти никогаш не можеш да се здебелиш."

Додека го дрвиме за марихуаната

Употребата на седативи од типот на Ксанакс или Валиум (група лекови кај нас деминутивно нарекувани „дијазепамче", што само по себе делува смирувачки) е во пораст, а бројот на смртни случаи заради предозираност континуирано се зголемува во последниве неколку години.

Отказ на денот

Дубробвчанец работел во канцеларија. Од 8 до 16 часот. Имал преку 900 евра плата. И дал отказ. Зошто? Досадно му било на работа.

20.000 долари по секунда за снимање на Лудиот Макс

Со проценета продукција од 150 милиони долари, Лудиот Макс годинава е најскапиот кандидат за Оскар за најдобар филм. Заедно со него годинава на оваа категорија се закачија уште два блокбастери.

А другата половина ќе биде саката

Првата половина од 21-от век половина од човештвото ќе ја дочека со сериозни проблеми да ја прочита оваа статија.

А гледаме ние топло станува....

Јануари 2016 бил најтоплиот јануари откако се мерат и бележат температурите. Не само што го претрка претходниот рекордер туку  го растури. И тоа не е сè. Тој во себе содржи аномалија каква што досега немал ниту еден друг месец.

Колку плаќа ТМЗ за скандалозни селебрити видеа

Парите се трошат за поткупување на возачи на лимузини и вработени во хотели, а добар дел ги добиваат и случајни минувачи кои биле доволно прибрани за да извадат мобилен и да снимаат.

За пармезанот се работи

Агенцијата надлежна за храна врши анализа на пакуваниот рендан пармезан на пазарот во САД, и открива дека дел од брендовите кои ветуваат 100-процентна чистота, не содржат воопшто пармезан во себе, и открива дека ова не е ни приближно најстрашната работа.

Кога зборовите ќе пресушат

„Останав без зборови" порано беше само метафора за воодушевување или зачуденост. Денес такво нешто веднаш се припишува како рана фаза на Алцхајмер. А не мора да е ни едното ни другото.

Американски пресврт на масакрот во Батаклан

Еден ден пред повратничкиот концерт во Париз, пејачот на Иглс оф Дет Метал одлучи да ја сподели својата мудрост околу масакрот кој се случи за време на неговиот концерт во Баталкан - Французите се криви што забрануваат носење оружје.

Женска гитара со место за цицка

Досега светот знаеше само за левораки и стандардни десни гитари. Благодарејќи на опасната Сент Винсент, сега постои и female friendly гитара.

Почина Vanity на Принц

Венити беше една од оние девојки кои под својот чадор привремено ги собираше Принц. Како млада беше фанки и секси, подоцна се каеше заради дивата младост. Почина откако не успеа да собере доволно пари за лекување.

Љубовта е слепа две години

На фамозното прашање колку треба време да се чека пред да се стапи во брак со некого, човек кој знае како работи мозокот вика: 2 години.

Мартин Шкрели дебело се лизна на Кање Вест

Мартин Шкрели посака да го купи новиот албум на Кање Вест, топтан, само за себе. Му понуди прво 10 па 15 милиони долари. На крајот ги дал парите и го купил. Ама, не е тоа баш крајот. На крајот, Мартин Шкрели на Твитер крикна: КОЈ ГИ ИМА МОИТЕ МИЛИОНИ?

Како се менува потрагата по љубовта

„Напред беше поарно" - би ви рекла прабаба ви, да можеше да се сети на нејзините љубовни доживувања од младоста. Во минатото идните сопружници живееле релативно блиску едни до други, во исто или соседно село, или во исто градско маало. Денес е малку поинаку.

Шпанците најдоа еден човек што не оди на работа, а зема плата

БиБиСи ја пренесува веста за Шпанец (комада - еден) вработен во јавно претпријатие кој последниве шест години зема плата без воопшто да се појави на работа.

Нигериската измама ја напушти планетава

Нигериските измами како жанр не се воопшто нови и постојат откако постои и електронската пошта. Сиве овие години ги имало vo најразлични, дури и урнебесни варијанти. Но, последната варијанта е тотален апгрејд и во неа само небото е лимит.

Дроги на правилен начин

Аргументот за легализација на канабисот е добиен. Сега следува потешкиот дел.

Зошто овдешниот патлиџан е повкусен од американскиот?

На ниво на наука или поднебје нема никаква причина Американците да не јадат патлиџани како оние во Шишево. Па сепак не јадат такви и постојат цели генерации Американци кои никогаш во животот не пробале вистински домат. Два збора: култура и регулатива.

Како ги добиле имињата познатите екс-ју групи

Има и банални и будалести причини во текстот кој ни е само алиби да послушаме и ви нафрлиме неколку добри песни.

Електрошоковите се враќаат, и вие ќе платите за нив

Хоророт од научните лаборатории од 19-от век се враќа на сцената, сега фино спакуван во допадлив минималистички дизајн. "Хало" изгледаат како слушалки а основна функција им е да ти пуштаат струја во мозок. Како зошто? Па исто како и во 19-от век: за твое добро. 

Пневмонијата е исклучително здрава работа, за профитот

Мартин Шкрели сите го знаеме и сите го мразиме како бескрупулозниот ѕвер кој посака да заработи милијарда долари подигнувајќи ја цената на лекот Дараприм. Во сенка, со слична финта, само малку корпоративно подобро спакувана, некои заработија не една туку 28 милијарди долари.