Не се плаши, не се бој, нема коски итн.

Кај мајмунот е колку прст, кај моржот знае да биде долга и 60 сантиметри. А човекот воопшто нема коска на пенисот. Видете, со моногамијата мажот изгуби многу, па и тоа.

На научниците со таков интерес таа коска им е позната како бакулум и неа ја имаат примати и цицачи од целиот свет. Толку варира во должина и облик што важи за една од најразновидните коски кои постојат кај живиот свет.

Бакулумот еволуирал кај цицачите пред повеќе од 95 милиони години а го имале и првите примати кои се појавиле пред 50-тина милиони години. Оттогаш, кај некои расте, кај некои се намалува, а кај трети, како кај човекот, сосема исчезнува.

Макаке мајмуните имаат импресивна коска во однос на својата вкупна големина и таа кај нив е пет пати поголема отколку кај мангабо мајмуните.

Кит Опи од Универзитетскиот колеџ во Лондон вели дека коската на пенисот е подолга кај оние мажјаци кои се принудени на "прологирана интромисија". На нашки, оние кои пенетрацијата им трае подолго од три минути, стратегија која им помага да ја оплодат женската а притоа мораат и да ја обесхрабрат конкуренцијата. Уште еднаш на нашки, оние кои мораат да тегнат дур на другите не им скурчи од чекање. Во такви случаи коската (која, патем, е прицврстена за врвот а не за базата на органот) им дава структурна поддршка во акцијата.

Кај шимпанзата, бакулумот е колку човечки прст и одговара на краткиот секс кој трае околу 7 секунди. Во нивните групи, женките се парат со сите мажјаци што им е фина стратегија да го намалат ризикот нејзините потомци да бидат убиени од љубоморни мажјаци. На тој начин таа им дава идеја дека сите можат да бидат татковци и во интерес и е бргу да ја заврши работата. 

Машките хомо сапиенси ја губат коската кога моногамијата станува доминантен начин на оплодување, за време на хомо еректусот, пред 1,9 милиони години. Во моногамна врска, машкото нема потреба да пројде многу време во пенетрација бидејќи е помалку веројатно таа да биде јавната од дружи мажјаци. Така е барем во теоријата.