Пет години во ресторан во Гранд Рапидс, Мичиген се служеше главно веганска и сирова храна но спецификата на тој објект не беше во менито туку во моделот на управување.
Самоуправен, без стандардна капиталистичка структура на фирмата, со демократско донесување деловни одлуки...
Испадна дека не ферцера тоа ни во сендвичара.
Првичните инвеститори рекоа дека биле принудени на ваков потег бидејќи моделот не обезбедувал опстанок. А и на муштериите веќе им здосадил ужасно лошиот и бавен сервис во локалот. По Фејсбуци се жалеа дека за сендвич се чека и по 40 минути и дека конфузното работно време (определно од самите работници, како ќе им дојде) прави комплетна забуна кога тие воопшто работат.
Во ресторанот сите биле еднакво платени и не било дозволено земање бакшиш па персоналот и не бил баш мотивиран да се размрда. После 5 години, сепак мораа да признаат дека самоуправниот модел не ги одржува над водата. И да сфатат дека долгите редици не беа баг туку карактеристика на комунизмот.
Сопственикот изјави дека негов следен проект е - да оди на одмор. Прилично буржоаски потег.