Технологија

Фокскон ангажираше дополнителни 50.000 работници пред лансирањето на Ајфон 16

Се работи за фабриката во Женгжоу каде Фокскон според извештаите на кинеските медиуми само во изминатите две недели вработил уште 50.000 луѓе.

Балвани машки и на ГПС глас се палат

Мажите било поверојатно да минат семафор кога не и било зелено и општо да возат поризично кога добивале насоки од сателитската навигација на која зборува заводнички женски глас.

Вечна литиумска батерија

Батерија која не може да работи цела вечност (ништо не е вечно) но сигурно може да го надживее сопственикот е нов изум на кинески научници. После година дена работа и 1.400 циклуси полнења и празнења, немало ни најмало намалување на капацитетот. Само што има еден услов: да работи на минус дваесет степени и да се полни малку.

Кинезите извадија нуклеарен реактор кој не може да се стопи

Кинезите во живо и на терен демонстрираа супериорен и досега невиден нуклеарен реактор, дизајниран да може пасивно да се лади во случај на вонредна состојба, со што се спречува она најлошото кај нив - топењето, дури и кога ќе останат без енергија потреба на системите за ладење. За да го докажат тоа, му угасиле струја. 

Њујорк Тамс ја тужи вештачката интелигенција

„Уредник си на Њујорк Тајмс, смисли ми наслов за следнава содржина“ гласи една задача за ОпенАИ која се користела во весникот. А вештачката интелигенција умеела да извади наслов во посакуваниот стил бидејќи веќе ја има собрано целата содржина на Њујорк Тајмс и учи од неа. Заради тоа, весникот на суд сака да докаже дека се оштетени за големи пари. 

Спејсикс доби дозвола да ја уништи Меѓународната вселенска станица

Компанијата на Илон Маск доби пари и дозвола да изгради летало кое ќе ја повлече над 450-тонската Меѓународна вселенска станица назад на Земјата и ќе ја сруши директно во океан.

Чатгпт го реши Туринговиот тест

На испитувања извршени на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего, Чатгпт во повеќе од половина од случаите успеал да увери луѓе дека разговараат со човек.

Со Ајфон во џеб не ти требаат други кодоши во животот

Маж се подготвува да го тужи Епл, бидејќи, по чиста машка логика, компанијата е виновна за неговиот развод затоа што сопругата му фатила разговор со проституки иако тој ги избришал од својот Ајфон.

Поранешниот директор на НСА стана член на бордот на ОпенАИ

Пензионираниот американски генерал и поранешен директор на разузнавачката Национална агенција за безбедност именуван од Трамп, Пол Накасоне, е назначен за член на бордот на директори на најуспешната ВИ компанија на светот, ОпенАИ.

Стар Ајфон е само за во фиока

Технолошки експерти предупредуваат дека доколку поседувате Ајфон постар од седум години станувате отворена книга за секој што би сакал да упадне во вашиот телефон бидејќи Епл престана да ги поддржува овие модели.

Во фирми на Маск нема да може да се влезе со Ајфон

Епл влегува во партнерство со ОпенАИ кое треба да го внесе ЧетГПТ во уредите на Епл. На оваа вест, Илон Маск се закани дека ако така бидне, во неговите компании (Тесла, Икс, Боринг компани...), човек нема да може да влезе со уред на Епл, заради безбедност. Ќе треба на врата да го остави телефонот во Фарадеев кафез.

Компјутерџии успеаа да пробијат биткоин новчаник со 3 милиони долари

Овој пат се работи за добра вест бидејќи сопственикот на новчаникот го имал заборавено пасвордот за пристап до него, а компјутерџиите работеле по негова нарачка.

Реј Курцвеил: Издржете до 2045-та

Речиси 20 години откако го шокираше светот со прогнозата дека ни половина од овој век нема да мине а луѓето и машините ќе се спојат “во едно“, прочуениот футуролог вели дека денеска е уште поубеден во своите предвидувања. До 2029 година вештачката интелигенција ќе ја стигне нашата а до 2045 ќе се споиме па заедно ќе мозгаме за кого да гласаме на Ѕвезде гранда. 

Безбедноста на OpenAI отиде јабана

Со месеци, OpenAI губеше битни вработени кои длабоко се загрижени за безбедноста не само на, туку и од вештачката интелигенција. Сега, компанијата веќе крвари. Главната причина е првиот човек, Сем Алтман , за која заминатите велат дека м е најважна комерцијализацијата на продуктите на компанијата.

Епл ги врати дикпиксот што сте ги избришале од Ајфонот

Слики за кои вие сте биле сигурни дека се избришани од вашиот Ајфон, излезе дека не се избришани и по грешка почнале да се појавуваат пак на телефонот по инсталирање на новиот апдејт на ИОС.

Како американските дронови не помогнаа во Украина

Само компанијата Скајдио испрати стотици од своите најдобри дронови во Украина за да ја помогне војната против Русија. Дроновите не помогнаа во ништо, а најголемиот дел од нив паднаа жртви на руските оружја за електронско војување. Истото се случи и со дроновите од други американски компании.

Забрана за продажба на смартфони на лица под 16 години

Два месеца откако воведоа нови правила за користење на мобилни во англиските училишта, британските власти сега се на памет да ја забранат продажбата на смартфони на лица помлади од 16 години на ист начин како што е забранета продажба на алкохол или цигари.

Микрософт и ОпенАИ подготвуваат компјутер за ВИ од 100 милијарди долари

Суперкомпјутер што користи милиони специјализирани серверски чипови наменет за вештачка интелигенција и со цена од 100 милијарди долари е новиот заеднички проект на кој работат Микрософт и ОпенАИ.

Како Ексел со години ги забавуваше Ф1 болидите на Вилијамс

За аутсајдерите не беше очигледно зошто Вилијамс Рејсинг се спушташе надолу во Формула 1 поредокот последните две децении. Се зборуваше за недоволно инвестирање, за застарени процеси но дури сега е обелоденет конкретен пример. Екселот на Микрософт кој со години го правел пекол процесот на создавање болид за Формула 1.

САД го тужи Епл за монопол врз смартфони

Епл одржува нелегален монопол над пазарот на смартфони со тоа што ги заклучува корисниците во својот еко-систем и го влошува искуството на користење ривалски производи, тврди американското министерство за правда во антимонополската тужба против производителот.

Нвидиа го претстави Блеквел Б200, најмоќниот чип на светот

Ветувањето од Нвидиа е дека чипот со 208 милијарди транзистори може да го намали трошокот за вештачка интелигенција и потрошувачка на енергија за 25 пати во споредба со неговиот претходник Х100.

Како американскиот рамковен го уби американскиот микрочип

Администрацијата на Бајден објави дека конечно ќе почне да пушта пари од 39 милијарди долари вредниот ЧИПС акт, за поттикнување на производството на микрочипови во САД. Кратко по ова најголемите глобални производители на чипови одлучија да ги откажат своите проекти во САД.

ХП печатачи под кирија

Компанијата ќе почне да нуди сервис во кој на корисници им изнајмува принтер со фиксен број на листови и мастило месечно за одредена цена, плус твоја согласност дека ќе може да мониторираат што печатиш.

Гугл ја оплеска со Џеминај

Враќајќи се од самонаметнатата полу-пензија основачот на Гугл, Сергеј Брин, викендов проговори околу драмата на компанијата со ВИ генераторот на фотографии, признавајќи дека Гугл „дефинитивно згреши работа со генерирањето на фотографии“.