Интернет

Точка Гугл, точка сè

За да ги заштити своите брендови и за да покаже малку чатал, Гугл ќе потроши 9,25 милиони долари за купување на домени од највисокото ниво. Домени од типот .youtube .google .docs .lol и слично.

Што да не твитате

Одделот за Домашна безбедност по судска одлука објави листа на термини што ги следи на социјалните мрежи. Меѓу нив и терористички зборови како "свинско" или "Мексико."

Блог ми е, вирус ми е

Порнографските сајтови веќе не се најопасните места на кои можете да закачите вирус. Далеку позаразни се блоговите.

Кој ќе се збогати од Фејсбук?

Конечната цена на Фејсбук е 38 долари по акција, со што компанијата вкупно вреди 104 милијарди долари. Еве кој колку ќе земе.

ЏМ ги повлекува рекламите од Фејсбук

Третиот по големина огласувач во САД најави дека ќе прекине со рекламирање на Фејсбук оценувајќи дека парите фрлени во мрежата имаат мала ефикасност врз продажбата.

Госпоѓа ДотКом

Доколку се точни бројките во тужбата против Ким Дотком за тоа колку се режиските трошоци за неговиот дом, тогаш веројатно најголем проблем на Ким е што порано не го уапсиле.

На лагата и е кратка фотељата

За разлика од сите претходни CEO-а на Јаху кои си одеа откако ќе ја упропастеа компанијата, најновиот си поднесе оставка заради лажење во CV-то. Неполна пола година по доаѓањето. За работа што секој ја прави.

Клети оргии за клетите шпиони

Група хакери (со специјалност крадење кредитни картички на интернет) успеала да ги открие сите владини агенти во нивните редови а притоа и мерак да си прави.

Победници на Webby 2012.

Луис Ц.К. e човек на годината, Инстаграм е прогласен за пробив на годината, Wired е најдобар магазин, а Фејсбук ја доби наградата за социјална промена.

Старите медиуми умираат и на новите платформи

Прво интернетот беше страшен за старите новински куќи, потоа во времето на Џобс и првиот Ајпад на кратко почна да изгледа како спасител за истите, за сега повторно да почнат да се плашат од него.

Како ќе исчезнат Гугл и Фејсбук

Само почекај доволно време (5 до 8 години) и ќе видиш како ги снемува Гугл и Фејсбук. Не "банкрот" снемување, туку "МајСпејс" снемување.

Како да бидете добри пријатели на Фејсбук

Најважно, ама најважно од сè на Фејсбук е да му честиташ роденден на некој што ти е на листата на френдови. За сè друго може да се договорите.

Гугл е готов?

Без разлика дали Гугл ќе победи или изгуби во (многу веројатната) анти-монополска тужба против него, Гугл каков што го знаеме е готов.

Google Drive: Сè е твое мое

Гугл го пушти сервисот "Drive," кој дозволува бесплатно складирање на вашите фајлови на нивни хард-дискови. Само треба да му дозволите на Гугл да ги користи вашите фајлови како сака.

За раат да клика на фармата

Минатата година компанијата Зинга потрошила 1,37 милиони долари на нејзиниот основач, Марк Пинкус. На личното обезбедување на Марк Пинкус.

Фејсбук го купи Инстаграм

За 1 милијарда долари во готовина и акции, Фејсбук се согласи да го купи Инстаграм. Само пред една недела сервисот беше проценет на 500 милиони долари.

Првиот месец од СОПА

79 барања за гасење на сајтови стигнале до шпанското министерство за култура само по 31 ден од воведување на шпанската верзија на СОПА.

Британија оди на 5 милијарди фунти

Интернет рекламирањето во Британија во 2012-та се очекува да ја достигне границата од 5 милијарди фунти (во наши пари 6 милијарди евра).

Твитеровата листа

Да не мислите дека потсвесно сте им направиле "unfollow" на некои луѓе на Твитер, од компанијата признаа дека всушност постои "unfollow bug."

Таткото на атачментот

"Им викав, еден ден кога ќе имам внуци, на пријатели ќе им праќам нивни слики по меил. Сите ми се смееа," евоцира спомени Нетаниел Боренштајн на 20 годишнината од неговиот изум.

Притвор му е, двор му е

Ќе му биде тешко, ама додека ја чека одлуката за екстрадиција во САД, основачот на Мегааплоуд, КИм Дотком, ќе треба некако да го истурка месецот со отприлика 50.000 долари месечно.

Колку чини да работи интернетот?

Иако нема прецизна бројка која е конечната сметка на крајот од годината, проценките се дека тоа не би требало да биде повеќе од 200 милијарди долари.

Гугл што веќе не е тоа

Постојат два Гугл-а, пред Гугл+ и потоа. Овој вториов, ништо не прави. Сè заради Фејсбук.

Академски твитови

Твитовите од сега се сметаат за легитимен доказ во академските трудови, а веќе постои и формат како тие треба да бидат напишани.