Најголемиот дел од парите биле потрошени на "купување, инсталација и одржување" на алармниот систем во домот на Пинкус.
Со оваа сума Зинга е на третото место по парите што ги дава за обезбедување на ЦЕО-то. Пред нив се производителот на опрема за американската армија Lockheed Martin, кој се проценува на 29 милијарди долари и софтверската компанија Оракл, проценета на 145 милијарди.
Зинга е процената на 8 милијарди долари.
Инаку, до сега најголема закана за безбедноста на Пинкус беше една 39-годишна жена која го малтретираше со бизарни мејлови и телефонски повици.
Просекот, на средства што компаниите го трошат за обезбедување на ЦЕО-то се движи околу 250.000 долари. Првиот човек на Фејсбук, во 2011-та добил околу 700.000 долари за обезбедување, а ЦЕО-то на Гугл во 2010-та имал буџет за обезбедување од 268 илјади долари.