Веќе се шпекулира дека во најскоро време НБЦ ќе ја соопшти зделката, а MSNBC.com ќе биде ребрендирана во NBCnews.com. За сето ова, од НБЦ изјавиле дека моментално "се водат разговори, ама ништо не е договорено" а од Микрософт одбиваат да коментираат.
Соработката меѓу двете компании започна во 1995-та. Тогаш Микрософт најави дека ќе инвестира 220 милиони долари за 50% од кабелскиот канал и веб страната на MSNBC.
Телевизиското партнерство се растури во 2005-та, а НБЦ го купи мнозинскиот дел.
Луѓето запознаени со целата работа тврдат дека вработените на веб страната веќе добиле известување како новата ситуација ќе влијае на нив.