Како што Гугл не се снајде со социјалните медиуми, така и Фејсбук уште не се снаоѓа со мобилните. Токму овој "генерациски" гап ќе биде причината за пропаст на овие компании.
Ако се направи анализа на интернетот, до денес имаме 3 генерации - прва или веб 1.0 кога се формираат Јаху, Гугл, АОЛ, Амазон, втора, веб 2.0 кога се основаат МајСпејс, Фејсбук, ЛинкдИн и трета Мобилна - од 2010. чиј најпознат претставник е Инстаграм.
Со секоја следна генерација, претходната не може да фати приклучок со новата околина. Компаниите од Веб 1.0 одлично се снајдоа со собирање и индексирање на податоци. Гугл беше неколку чекори пред Алта Виста, Ексајт, Ликос и други пребарувачи.
Кога веб 2.0 компаниите почнаа да се појавуваат, тие беа заинтересирани за социјалните врски. МајСпејс направи мрежа за луѓе со сличен вкус за музика. Фејсбук ги освои студентите. ЛинкдИн ги зема професионалците.
Тука Гугл не успеа ништо да направи. Неколкуте социјални проекти што ги имаше (Wave, Buzz...) ги затвори по само неколку месеци, а Гугл+ и понатаму останува "град на духови." Амазон речиси и да не се трудеше да направи што и да е на оваа тема, а Јаху е само сенка од она што беше во 2000-та.
Сега веб 2.0 компаниите подеднакво се збунети околу мобилните. Ако се земе во предвид колку се влечеше Фејсбук додека да се појави на мобилните платформи (а и тоа што го пушти не изгледа како да е готово), може да се заклучи дека и тие се подеднакво спори во адаптацијата на новата средина, како што беше у Гугл.
"Следните 5 до 8 години можат да бидат доста динамични и ризични за сегашните веб "горили." Следниот Гугл или Фејсбук, можеби се уште не постои, а дел од веб 1.0 и 2.0 компаниите може ќе ги снема до тогаш. Најдобрата проценка е дека богатство ќе направат оние кои ќе се адаптираат и уште денес ќе се посветат на 'greenfield'инвестиции," порачува Ерик Џексон во својата анализа ва Форбс.