Покрај очигледните кандидати како: напад, Ал Каеда, тероризам, бомба и слично, на списокот имало и: тим, Мексико, Тихуана, свиња и свинско.
Термините кои се следат се поделени на групи: Федерални агенции, домашна безбедност, ХАЗМАТ и нуклеарки, здравје, инфраструктура, насилство на границата со Мексико, тероризам, време и природни катастрофи, сајбер криминал.
Листата е објавена откако EPIC (Electronic Privacy Information Center) започна судска постапка во која бараше објавување на термините по Законот за слобода на информациите.
Инаку, за мониторирање на Твитер агенцијата користи Твитдек.