Реномираните експерти од Симантек го објавија овогодинешниот редовен извештај според кој порнографските сајтови се дури на 10-тото место по ризичност да го инфицираат компјутерот на посетителот.
Само 2 проценти од порно сајтовите се заразни, што е шокантно мала бројка со оглед на тоа што таквите сајтови досега беа синоним за интернет вируси.
Вирусите сега се префрлени на блоговите. Дури 20 проценти од нив се заразни а малициозен софтвер имаат 15 проценти од хостинг сајтовите и 10 проценти од општите бизнис сајтови.
Спам меиловите се помалку се омилен начин на дистрибуција на вируси и кај нив е забележан пад од 13 проценти.
Симантек во 2011-та блокирал 5,5 милијарди вируси, што е раст од 81 процент во однос на претходната година. Веб базираните напади пораснале за 35 %. Секој ден се случуваат по 4.500 такви напади. Зголемен е и бројот на нови вируси и тројанци. Ланската година се детектирани 403 милиони нови варијации.