Не мислиме на масовно излегување од лабораториите и предавалните за да се прават онакви анкети по пазари, ниту пак на пишување колумни во својство на „експерти" за дневно-политички теми. Мислиме на потребата професори и научници од различни области почесто да пишуваат за не-академска публика, односно како упатени новинари.