Најдобар онлајн магазин е Wired, најдобра музичка страна е Pitchfork, победник во категоријата "патување" е Kayak а кај социјалните медиуми е Pinterest.
Најдобра страна за храна е Foofily, кај модните сајтови е SHOWstudio, за медицина е Medify, Inc. а за хардвер и софтвер е frameratefest.
Во категоријата вести, избор на публиката е BBC news, а според жирито победи The Daily Beast. Најдобра страна за спорт е ESPN. Најдобри блогови се Mashable (за технологија), The 99% (за култура) и FiveThirtyEight (за политика).
Основната поделба на наградите е на вебсајтови, интерактивен маркетинг, онлајн филм и видео и мобилни + апликации.
Кај вебсајтовите Webby избираат награди во речиси 70 категории, во кои сајтовите се делат на Победници (според жирито на Webby и според гласовите на публиката), Номинирани и почесни учесници. Годинава до организаторите беа испратени нешто повеќе од 10.000 предлози.