Аналитичарите на Микрософт објаснуваат дека измамниците намерно ги прават мејловите да звучат што е можно поневеројатно, бидејќи на тој начин се осигуруваат дека кој и да одговори на мејлот е нивна идеална мета.
Во целата операција најлесниот дел е наоѓање меил адреси за спамирање и испраќање мејлови, проблематичниот дел е "работењето" на жртвите, заради што измамниците не сакаат да си го трошат времето на некој кај кого измамата не може да мине.
"Ако целта е максимизирање на одговорите на меил кампањата, тогаш споменувањето на Нигерија е контрапродуктивно. Но бидејќи лесноверноста не се открива така лесно, најдобро е да дозволиш лицата со оваа особина да се само-идентификуваат. Меил во кој се ветуваат пари од Нигерија, веднаш ќе биде препознаен и игнориран од кој било што доволно долго го користи интернетот. Ниту ќе биде перципиран од кој било што се консултира со разумните пријатели и семејството. Оние што ќе останат се идеални мети за измамниците," пишува аналитичарот на Микрософт, Кормак Херли во неговото истражување.