Точка Гугл, точка сè

За да ги заштити своите брендови и за да покаже малку чатал, Гугл ќе потроши 9,25 милиони долари за купување на домени од највисокото ниво. Домени од типот .youtube .google .docs .lol и слично.

Ова е сумата која Гугл му ја плати на ICANN за апликациите за регистрирање на 50-те домени кои ги побараа. Секоја апликација чини по 185.000 долари.

Како што објаснуваат од Гугл домените се одбрани по неколку основи: да го подобрат корисничкото искуство (со промените тие би можеле да нудат адреси како www.offnet.youtube), да ги заштитат главните бизниси (.docs домените) или едноставно ним им звучеле забавно, (како што е со .lol доменот).

"Набавката" следува откако ICANN го отвори регистрирањето на топ домени (ако бевте заитнересирани, жалиме, крајниот рок беше до 31. мај) за секого. До сега (до сега постоеа само неколку "топ домени" .com, .net, .org, .edu). Инаку, до ICANN имаат стигнато вкупно 1.900 апликации кои треба да донесат околу 350 милиони долари.

2 јуни 2012 - 18:26