Гугл пројде со бакшиш

Федералната комисија за трговија ќе го казни Гугл со 22,5 милиони долари, што е најголемата казна што таа и ја одредила на една компанија. На Гугл ќе му бидат потребни 4 часа, за да ги заработи овие пари.

Казната е по основа на обвинувањата дека Гугл ја прекршил приватноста на корисниците на Ајфон и Ајпад, следејќи ја нивната активност во Сафари браусерот на Епл.

Казната е комплетно смешна за Гугл, кој се проценува дека има околу 49 милијарди долари во банка, а само годинава се очекува да генерира приходи од 46 милијарди долари.

Она на што најмногу му наштетува оваа одлука е "Don't Be Evil" мотото на Гугл, растот на сомнежите околу кредибилитетот на Гугл и неговата способност да ја злоупотреби влијателна позиција во секојдневниот живот.

Според луѓето запознаени со истрагата, Гугл ладно ќе ја плати казната, а за возврат според спогодбата нема да треба да признае дека нешто згрешил и дека собирал приватни информации.

Истрагата започна пред 5 месеци кога Универзитетот Станфорд објави студија во која се открива дека Гугл ја заобиколил заштита на Сафари за спречување на мониторирањето на активноста на корисниците.

Веднаш по извештајот Гугл ја повлече спорната технологија и објави дека целата работа била ненамерна и дека таа е последица на измените што Сафари ги направил во 2010-та, а за кои програмерите на Гугл не биле свесни.

11 јули 2012 - 13:05