Твитер пушти над 140 карактери

После твитови и твитови со недокажани зборови и скратени карактери, Твитер реши да дозволи над 140 карактери по твит, ама не баш вие како што очекувавте.

Компанијата ја објави опцијата "проширени твитови," која ќе им дозволува на корисниците да користат до 410 карактери. И ова е добрата вест.

Не така добрата вест е што разликата од 140 до 410 карактери ќе можат да ја користат само одредени партнерски сајтови на Твитер како Њујорк Тајмс, TMZ, Шпигел и други, и нема да биде за пишување на подолг твит.

Должината на твитовите и она што вие може да го напишете во основа ќе остане иста, а проширувањето се однесува на тоа што во твитот ќе се појавува краткото резиме или воведот на статијата што ја линкувате. Ова ќе важи само за линковите од партнерските сајтови на Твитер.

Во неофицијален разговор портпаролката на Твитер, изјавила дека наскоро и на другите сајтови ќе им биде дозволено да ја користат можноста за проширени твитови.

21 јуни 2012 - 09:59