Како да бидете добри пријатели на Фејсбук

Најважно, ама најважно од сè на Фејсбук е да му честиташ роденден на некој што ти е на листата на френдови. За сè друго може да се договорите.

Во истражувањето на Аризона стејт универзитетот учествувале 44 студенти, со во просек по 200 пријатели. Секој од нив требал да направи сопствена листа на правила што треба да ги следат нивните пријатели, а потоа 600 студенти гласале за нив.

 

Одговарај на постови

Севкупно, реципроцитетот е најважна состојка за добро пријателство. Луѓето генерално очекувале дека ако ти напишат нешто на ѕид, дека ќе добијат одговор. Исто така важно било да не се објавува било што навредливо за Фејсбук пријателот.

 

Не се зближувај премногу

Фејсбук чат е канал за комуникација меѓу блиските пријатели, додека познаниците не ја користат оваа опција. За најголемиот дел, врската со познаниците е сфатена како "пасивно Фејсбук демнење."

 

Родендени

За луѓето е многу поважно да добијат честитка на Фејсбук од нивните познаници отколку од блиските пријатели, од кои пак се очекува да се јават на телефон.

 

Полека со сликите

Немој да објавуваш слики од кои ќе ги посрамат твоите пријатели и размисли добро пред да му напишеш на ѕидот на другар ти, за тоа колку луд викенд сте имале.

2 мај 2012 - 10:15