Кој ќе се збогати од Фејсбук?

Конечната цена на Фејсбук е 38 долари по акција, со што компанијата вкупно вреди 104 милијарди долари. Еве кој колку ќе земе.

Нормално Закерберг ќе го собере најголемиот ќар, заработувајќи 20,3 милијарди долари, со што инстантно ќе влезе меѓу топ 30-те најбогати луѓе на светот.

На второ место по ќарот се Аccel Partners, едни од првите инвеститори во компанијата, кои ќе заработат 7,65 милијарди долари, а на трето е ко-основачот на Фејсбук Дастин Московиц, кој со 5,08 милијарди долари ќе стане најмладиот милијардер на светот.

Меѓу инвеститорите кои ќе ќарат од Фејсбук се mail.ru кој ќе заработи 2,14 милијарди долари, Микрософт за својата инвестиција ќе добие 1,25 милијарди долари, а првиот човек на Zynga, Марк Пингус, ќе заработи 202 милиони долари.

Од целата работа ќе се офајди и графити артистот Дејвид Чо, кој ги нацрта графитите во канцелариите на Фејсбук. Тој на времето реши наместо да земе 60.000 долари, парите да ги замени со акции. Сега делот на Чо вреди 208 милиони долари.

Калифорнија, по основа на данок на приход до јуни 2013-та ќе заработи 1,5 милијарди долари, а близнаците Винкелвос, луѓето чија всушност е идејата за Фејсбук, ќе добијат 45,8 милиони долари.

18 мај 2012 - 11:39