На Фејсбук не му доаѓа памет, по бурата која ја предизвика во 2009-та година кога тајно ги смени подесувањата за приватност што резултираше со принуда компанијата да се најде под 20 годишен мониторинг на неговите политики за приватност од страна на федералните американски институции.
Фејсбук го има @facebook.com со години, ама никој тоа не го ферма. Затоа, реши да го пушти во масовен погон речиси преку ноќ, променувајќи ја сечија меил адреса со стандардна адреса на Фејсбук. Велат, пуштиле една нотификација но ретко кој ја има забележано.
"Ако ова созадава конфузија.... ќе пуштиме и дополнителнна нотификација," велат одговорните за комуникации во Фејсбук.
Тие ова го третираат само како визуелна промена (бидејќи вашата стара адреса ви стои скриена во профилот) а не како промена на политиката на приватност, за што мора да се консултира со Федералната трговска комисија.
Како да ја вратите својата стара меил адреса:
- за оние со тајмлајн: влезете во секцијата "about", кликнете "edit", отштиклирајте го кругчето на новата и штиклирајте (направете ја видлива), вашата стара адреса.
- за оние по старо: edit profile/ contact information и потоа истото од погоре.
Не заборавајте д ги сочувате промените.