Едно единствено копче и неговата функција на Фејсбук му даде огромна предност над сите останати сајтови и мрежи. Отрезнувањето од опсесијата со него доаѓа од брендовите кои сфаќаат дека бројот на Фесјбук фанови нема баш многу врска со продажбата.
"'I have read and agree to the Terms'" е една од двете најчести лаги на интернет (другата е онаа дека секој е полнолетен па може да влезе во порно сајтот). "Условите за користење" се толку долги и досадно напишани што треба да си луд да седнеш и да ги читаш. Сега постои сервис кој сака да го поправи овој момент и наместо вас да ги открие лошите цаки на кои се согласувате.
Телевизиската мрежа започнала преговори за откупување на делот на Микрософт од MSNBC.com, со што би се ставил крај на 17 годишната соработка меѓу двете компании.
Федералната комисија за трговија ќе го казни Гугл со 22,5 милиони долари, што е најголемата казна што таа и ја одредила на една компанија. На Гугл ќе му бидат потребни 4 часа, за да ги заработи овие пари.
По истиот принцип како и Оскарите, Дејли Бист, изработи индекс на најмоќните ликови во дигиталниот свет. Исто како и на Оскарите, и тука нема главна награда, туку 10 награди во 10 категории.
Ниту некого праша ниту некому кажа: Фејсбук преку ноќ смени 900 милиони меил адреси на свиоте корисници. Наместо вашата стандардна, сега сте @facebook.com.
Уште кога се појавија на времето, нигериските измами беа комплетно глупи. Десетина години подоцна тие се дури и поглупи. Фората е што тоа не е случајно.
После твитови и твитови со недокажани зборови и скратени карактери, Твитер реши да дозволи над 140 карактери по твит, ама не баш вие како што очекувавте.
Намалувањето на тнр дигитален јаз меѓу богатите и сиромашните во САД донесе и една поразувачка нуспојава: сиромашните го користат интернетот и останатата технологија главно за губење време.
За да ги заштити своите брендови и за да покаже малку чатал, Гугл ќе потроши 9,25 милиони долари за купување на домени од највисокото ниво. Домени од типот .youtube .google .docs .lol и слично.
Одделот за Домашна безбедност по судска одлука објави листа на термини што ги следи на социјалните мрежи. Меѓу нив и терористички зборови како "свинско" или "Мексико."
Третиот по големина огласувач во САД најави дека ќе прекине со рекламирање на Фејсбук оценувајќи дека парите фрлени во мрежата имаат мала ефикасност врз продажбата.
Доколку се точни бројките во тужбата против Ким Дотком за тоа колку се режиските трошоци за неговиот дом, тогаш веројатно најголем проблем на Ким е што порано не го уапсиле.
За разлика од сите претходни CEO-а на Јаху кои си одеа откако ќе ја упропастеа компанијата, најновиот си поднесе оставка заради лажење во CV-то. Неполна пола година по доаѓањето. За работа што секој ја прави.
Група хакери (со специјалност крадење кредитни картички на интернет) успеала да ги открие сите владини агенти во нивните редови а притоа и мерак да си прави.
Луис Ц.К. e човек на годината, Инстаграм е прогласен за пробив на годината, Wired е најдобар магазин, а Фејсбук ја доби наградата за социјална промена.
Прво интернетот беше страшен за старите новински куќи, потоа во времето на Џобс и првиот Ајпад на кратко почна да изгледа како спасител за истите, за сега повторно да почнат да се плашат од него.