Анализа на посетеноста и споделувањето статии од TMZ и Daily Mail покажала дека сообраќајот на овие сајтови не е директно поврзан со ширењето на нивната содржина на Фејсбук. Бројот на фанови не кореспондирал ниту со бројот на 'влезни линкови' од Фејсбук.
Аналитичарите велат дека копчето "like" сепак и натаму игра значајна улога во животот на електронските медиуми бидејќи бројот на лајкови може да даде увид како минала некоја статија. За жал, компаниите не го добиваат тоа од Фејсбук, бидејќи бројот на лакјови не значи многу за фактичката продажба на одреден производ или сервис.
Заради овие причини пред извесно време General Motors реши комплетно да го укине буџетот за рекламирање на Фејсбук: не затоа што не може да собере огромна публика туку затоа што таа огромна публика не прави ништо.
Лајк е добро за споделување но не и за градење лојалност, велат познавачите.