Членарината се наплаќа за на корисниците да им се обезбеди "социјално искуство" без реклами.
Целиот проект за App.net моментално е во фаза на собирање финансии, и во рок од помалку од 30 денови успеа да собере околу 640.000 долари. Целта беше 500.000 долари.
Новата социјална мрежа функционира нешто слично на Твитер и на неа може да објавувате статуси и да ги следите статусите на другите членови, без да бидете попречувани од спам пораки или реклами. Како што објаснува основачот Далтон Калдвел, нивниот сервис е нешто слично на Твитер "пред да се претвори во медиумска компанија."
Инаку, има три нивоа на членство во App.net. Основното чини 50 долари и цела година без никаков проблем ќе ви даде пристап да комплетниот сервис. За 100% програмерите имаат бонус алатки за програмирање и развивање апликации за App.net а за 1.000 долари добивате и состанок со основачот на компанијата.