Сандачето е на пауза

Од алатка која со ВОРП 9 ги забрза комуникациите низ светот, меилот за многумина се претвори во господар на кој му се робува. Оние на кои им е смачено дежурството покрај сандаче, отсега имаат можност за пауза. 

Се работи за функција во Хром која едноставно го стишува вашето меил сандаче.

Стискате "пауза" и сандачето станува мирно и спокојно, како цел Универзум да го постигнал својот Зен.

Одпаузирајте и ете ги повторно - реки меилови кои нетрпеливо чекале да ви соопштат некоја важна информативна, маркетиншка, трачерска или спам содржина.

Додека вашиот меил е паузиран, имате можност на сите кои ви пишуваат да им дадете до знаење дека сте на пауза а дека ако нешто навистина е итно, да ве побараат на друг начин. Или да им пишете што сакате.

Креаторите на оваа екстензија се истите оние кои ја лансираа опцијата меил бумеранг која овозможува да напишете писмо сега а да одредите точно кога да биде испратено.

11 септември 2012 - 08:47