Сервисот ToS;DR (варијација на кратенката за "too long; didn't read") е во експериментална фаза но идејата изгледа благородно.
Луѓето ги читаат "условите за користење" на различни сајтови и веб сервиси и ги обележуваат потенцијално несаканите детали и подметнувања. Како кога фото сервисот на Твитер му давате право да користи ваши фотографии без да ве праша или спомне.
На крајот таквата компанија бива оценета па ќе ви биде полесно да решите дали вреди да продолжите со вашата регистрација. Твитер има лоша E оценка додека DuckDuckGo е оценет доста високо заради нивната политика да не следат што прават корисниците.
Многу компании и услови сè уште не се прочешлани а во експериментална фаза е и екстензија за Фајерфокс и Хром која интергирана во вашиот браусер ќе ви ја направи ваквата помош подостапна.