Турција, поточно Ердоган, вчера вечерта одлучи да го блокира Твитер на државно ниво. Денес Гардијан објави дека од почетокот на забраната Турците имаат пуштено околу 2,5 милиони твитови, што е нов рекорд за земјата.
Дана Бојд е една од најголемите светски експерти за тоа како тинејџерите ја користат технологијата, инаку работи во Микрософт Рисрч каде што задача и е да и помогне на компанијата да се снајде во трендовите на социјалните медиуми. По нејзе, сето ова што се случува на Фејсбук нема никаква логика.
ОК, сме гледале тешки утки околу предвидувањето на иднината на интернетот. Во моменталниот пресек на мислењата на експертите, тој за 10 години или ќе го има толку многу што ќе заборавиме дека е тука, или - ќе го нема ич.
Последниве години Фејсбук се чинеше како единствената трафика преку која интернет содржините можат да стигнат до читателите и клиентите. Се билдаа фан групи, се молеше за лајк пред да се отвори страница. Супер лесно изгледаше сето тоа, ама, бидна. Деновите за бесплатно доаѓање до корисниците се одброени.
Некои ги знаете како @HistoryInPics, други како @CollegeStudent или @RealTalk, а сите се дел од околу 200 профили што ги менаџира компанијата Social Trends Media, која од нив успева да извади околу 1 милион долари месечно.
Луѓето кои според тестовите за карактерот се несомнени интернет тролови е многу поверојатно онлајн да ги имаат сите особини од "мрачната четворка" (психопатија, нарцизам, макијавелизам и садизам). Доброто во сето ова е што да не беше интернетот, тие вака ќе се однесуваа во офф-лајн животот.
Победата на ЈуТјуб е во создавање на вирално видео, а за да дојдеш до тоа ти треба уметност, познавање на интернетот, среќа и многу пари за да можеш да купиш реклами. Ама ништо од ова нема да ти помогне ако имаш глупо видео.
Во вторникот некои од најголемите веб страни и компании на светот кренаа глас против масовното прислушкување кое се откри во текот на изминатата година. Тоа беше само првиот чекор од предвидениот "бунт." Ова се бројките од само 1 ден:
Работејќи по случај од шведскиот Апелационен суд, Европскиот суд на правдата одлучи дека хиперлинкувањето до јавно достапни содржини не претставува нелегална комуникација, заради што не е прекршување на авторските права на авторот на содржината.
Настрана сите локални заебанции што ги имаме со преценетоста на Алекса или пак со Гемиус кои никако да ја објаснат својата методологија и АПП (ако пројде - пројде) цена, мерењето на онлајн посетеноста и читаноста и онака е ѓаволски зезната работа. Еве зошто.
Пред неколку дена Принстон објави студија во која растот на Фејсбук го споредија со ширењето на инфективни болести и дека во основа социјалната мрежа е на добар пат да ја снема во следните неколку години. Одговорот на Фејсбук (исто така базиран на наука) на кратко е: А вие што?
Масовната бежанија од Фејсбук ќе започне следната година а до 2017-та, најпопуларната социјална мрежа на светот ќе изгуби 80 проценти од корисниците, покажува епидемиолошка студија од Универзитетот Принстон.
Најголемата онлајн продавница во светот работи на технологија која ќе им овозможи да ви го испорачаат производот пред вие воопшто да го нарачате од нив.
Американскиот апелационен суд ја префрли слободата на интернетот во рацете на неколку супер моќни и супер лакоми компании. Провајдерите ќе можат да ги гузат корисниците како ќе им се ќефне.
Брејвик, по убиени 77 луѓе од кои мнозинството деца, моментално во затвор е третиран подобро отколку Готфрид Свархолм Варг, основачот на Пиратскиот залив.
За претседателот на Гугл 2014-та ќе биде годината во која мобилните ќе ја извојуваат победата, ама очекува и некои сериозни новини за сериозни технологии.
Гневни околу сите погодности што им ги нудат на своите вработени, а во меѓувреме комплетно ги избегнуваат локалните и сојузните даноци, група демонстранти со камења нападнаа автобус на Гугл пол со вработени.
Нашата перцепција дека сме господари на интернетот сериозно е нарушена откако реалноста беше непотребно освежена со едно истражување за тоа кого сè го има на интернет.
На Твитер 2013-та започна со паѓањето на хеликоптер во Лондон, во Германија се расправаа за шовинизам, од Австралија го гледавме отвореното првенство во тенис, а Обама чекаше на втората инаугурација.
Фејсбук ги извади бројките за тоа што најмногу сме правеле кај нив на социјалната мрежа во 2013-та. Главна занимација за годинава на светско ниво - менување вашиот љубовен статус.