Американскиот AEK (односно - Federal Communications Commission) ќе поднесе предлог кој експлицитно ќе им дозволи на интернет провајдерите да им даваат побрз интернет на компаниите кои ќе платат за тоа:
"FCC планира да предложи нови правила за отворен интернет кои ќе им дозволат на компаниите за контент да им плаќаат на интернет провајдерите за специјален пристап до потрошувачите.
Предложените правила ќе ги спречат провајдерите да блокираат или да дискриминираат одредени веб страни, ама ќе им дозволи да им даваат привилегиран третман на одредени веб страни, се додека соработката е достапна под 'комерцијално разумни' услови за сите заинтересирани веб страни. Што е комерцијално разумно ќе биде одредено од FCC," пишува Вол Стрит Журнал.
Ова во основа значи дека компании како Гугл, Микрософт, Нетфликс, Фејсбук, ќе платат и ќе добијат побрз сервис. Во исто време некоја помала или нова компанија (која не може да плати или провајдерот нема интерес да се занимава со неа) ќе треба да работи со сервисот што е останат за "обичниот народ".
"Провајдерите нема да можат намерно да го успоруваат сообраќајот на конкретни сајтови, ама тоа е се што е останато од нет неутралноста. Кога еднаш ќе ја одобриш идејата за две нивоа на услуга, потоа не е ни важно дали ти само ќе ги забрзаш едните или ќе ги забавиш другите," пишува Кевин Драм за Mother Jones.
Во основа стравот е дека откако еднаш ќе дозволи привилегиран пристап за одредени компании со тек на време ова може да мутира во посебни тарифи за посебни сајтови, блокирање на информации по која сакаш основа и генерално уништување на целата идеја за слободен интернет.