Кој победи, ЈуТјуб или Виаком?

Двете страни неделава се спогодија околу милијардата долари што Виаком ја бараше од ЈуТјуб. Официјалниот исход не е соопштен, само се знае дека генерално изгубија сите што не се ЈуТјуб или Виаком.

Спорот од милијарда долари беше околу авторските права на содржините на ЈуТјуб. Во тоа време ЈуТјуб тврдеше дека Дигитал милениум копирајт законот (DMCA) го штити сајтот од одговорност за прекршување на авторските права од страна на неговите корисници, се додека тој го отстранува спорниот материјал кога за тоа ќе добие барање од сопственикот на авторските права.

Од друга страна Виаком тврди дека ЈуТјуб е одговорен за постапките на своите корисници бидејќи поттикнувал прекршување на авторските права со тоа што игнорирал очигледни вакви случаи.

По ова работите брзо почнуваат да се компликуваат, ама Гугл успева да го победи Виаком во две судски пресуди од 2010-та и 2013-та.

"За подобро да разберете што се случи - и зошто спогодбата Виаком-ЈуТјуб повеќе ќе им помогне на големите компании отколку на малите - замислите дека сте основале видео сајт и потоа морате да одлучите дали и кои заштитени содржини ќе ги тргнете од сајтот. Мора да имате предвид дека корисниците сакаат професионални содржини. (Според судски документи основачите на ЈуТјуб процениле дека материјалите со авторски права сочинуваат околу три четвртини од целиот сообраќај на страната. ЈуТјуб ова го негира и до сега нема откриено колку сообраќај доаѓа од професионалните содржини.)

Вашиот адвокат ќе ви каже дека е тешко да бидеш 100% сигурен кои содржини ги прекршуваат авторските права заради комплексноста на законот или можноста некое студио да објавило материјал од промотивни причини. Некои содржини очигледно ја прекршуваат авторската заштита. Ама се додека клиповите од Сатрдеј најт лајф привлекуваат публика, која е причината да ги тргнеш освен ако тоа не го побара законот?" пишува Роберт Левин за Ванити Феир.

Главната причина зошто двете компании се спогодија е што големите компании имаат интерес да соработуваат една со друга. Ако си независен автор без толку многу содржини "се уште ќе зависиш од нејасниот закон."

Од почетокот на спорот меѓу двете компании ЈуТјуб направи дузина промени од кои дел може беа инспирирани од тужбата на Виаком, а дел ги бараше самиот пазар и развивањето на платформата.

 

"Моменталната ситуација е посебно несреќна затоа што на компаниите на двете страни им дава погрешен поттик. Веб страните имаат интерес да останат игнорантни кон содржините на нивните сајтови, освен ако судот не открие дека тие биле свесни за тоа. Тоа што кај веб-страните има недостаток на грижа за пиратеријата ги тера сопствениците на авторски права да испраќаат илјадници DMCA барања за бришење на содржини - што е голем трошок за независните автори," објаснуваат од Ванити Феир.

 

27 март 2014 - 16:00