Сите математики за остварувањето на мундијалскиот сон

Македонската фудбалска репрезентација има импресивна двегодишна серија без пораз. Нека остане така. Со две од две до крај ќе бидеме на големиот светски собир во САД, но само ако ни се поклопи еден резултат.

Изгледот во Ј групата од квалификациите за СП 2026 е фантазија. Нешто непоимливо и незамисливо во минатото, кога се пењавевме во секој циклус на четврто или петто место.

Имаме 12 бода и ниту еден пораз, но на две кола до крај има неколку комбинаторики, а математиката не е проста, затоа што Белгија и Велс имаат натпревар помалку.

Кои се опциите за Македонија да игра Светско, се разбира доколку вечерва ја оправдаме фаворитската улога против Казахстан?

1. Првата е најјасна, а можеби и најповолна за нашите фудбалери. Победа дома против Казахстан, па триумф на гости против Велс за историски мундијалски пласман. Но, во случај ако Белгија вечерва загуби од Велс на гости.

2. Ако Велс и Белгија одиграат нерешено, тогаш Македонија со 6 бода во последните две кола би имала пореални шанси само за бараж
преку второ место. Ако Белгијците во последните две кола не кикснат против Казастан и Лихтенштајн, ќе бидат први поради подобрата гол разлика од нас.

3. Доколку Белгија вечерва слави против Велс, тогаш ќе биде речиси сигурно прва, со оглед на двата лесни противника до крај. Македонија во таков случај во последното коло би имала два бода повеќе од Велс. Со нерешено обезбедува бараж.

4. Ако се случи да завршиме трети во група, тогаш мундијалскиот сон многу веројатно ќе го бркаме преку бараж во Лига на нации.

Прво и најважно, вечерва полн стадион и 3 бода со Казахстан. Во меѓувреме ќе ѕиркаме што се случува на Велс - Белгија, кои играат во истиот термин од 20:45.

13 октомври 2025 - 10:58