На 31 декември ќе биде прекинато емитувањето на пет канали канали на музичката телевизија MTV во Европа и Британија - MTV Music, MTV 80s, MTV 90s, Club MTV и MTV Live. Тие имаа стабилна, но мала гледаност од околу 1 милион луѓе. Ќе остане само главниот канал MTV HD, кој од целодневно прикажување спотови премина на реалити програми.
Сопственикот Парамаунт планира да ги намали трошоците и загубите. Ќе ја задржи продукцијата на својата услуга за стриминг Paramount+ и ќе продолжи да ги доделува годишните награди, но ги откажа MTV Awards за Европа.
MTV почна да емитува програма во 1981 година, а во 1987 се прошири низ Европа со национални и регионални канали. Главниот канал целосно се откажа од емитување спотови во 2011 година.
Телевизијата што во раните 80-ти поттикна нова ера во поп-рок музиката, отвори индустрија на видео-спотови и создаде глобални ѕвезди, губи од релевантноста, бидејќи публиката мигрираше кон дигиталните платформи за видеа, како Јутјуб.
Генерациите што израснаа со MTV знаат кој беше првиот спот објавен на телевизијата. На снимкава го има и вториот.
Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.