Флорида забрани социологија на државните универзитети
3 април 2026
-
Образовните власти во Флорида им забранија на јавните универзитети да вклучуваат курсеви по социологија, како дел од мерките на гувернерот Рон ДеСантис против актуелниот модел на образование во оваа федерална држава.
-
Потегот е реакција на гневот и отпорот од страна на професорите по социологија и синдикатите на факултетите во врска со новите учебници, опишани како „навреда на академската слобода“ и „осиромашена верзија на науката“.
-
Властите ја гледаат социологијата како научна маска зад која се кријат идеолошки и родови агенди. Еден од ректорите на јавен универзитет од Фллорида изјави: „Ние не ја убивме социологијата, таа изврши самоубиство.“