Пола Европа го бара 18-годишниот бисер на Босна и Херцеговина
3 април 2026
- Керим Алајбеговиќ штотуку наполни 18 години пред неколку месеци а веќе израсна во јунак на репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Тој прво со асистенции намести три клучни гола во квалификациите против Кипар и Романија а после и во полуфиналето од баражот против Велс кога му намести гол на Џеко од корнер.
- На пеналите со Велс шутираше ладнокрвно а исто така беше ладен и во финалето на баражот со Италија во Зеница на меч на кој влезе од клупата исто како во Велс, постигна решавачки гол за пласман на Светско првенство.
- Керим Алајбеговиќ е лево крило, крилен напаѓач. Игра за Баер Леверкузен за кого сезонава има 11 гола и 3 асистенции на 36 натпревари. Во Леверкузен дојде од австриски Салцбург. Роден е во Келн, во Германија каде раснел а неговата вредност се проценува на 15-20 милиони евра.
- Баер Леверкузен веќе добил понуди за него од Лацио и од Рома, а веќе се јавиле и големи шпански, англиски клубови како и Бенфика и Спортинг Лисабон.