- Иранската револуционерна гарда објави дека деновиве ќе почне да ги напаѓа американските компании во регионот како одмазда за нападите врз Иран.
- На мета се Микрософт, Гугл, Епл, Интел, ИБМ, Тесла и Боинг.
- Војната е во 33-от ден. Техеран ги напаѓа регионалните сојузници на САД и Израел, Трамп тврди дека ги растураат Иранците, Израел жестоко го гранатира Либан, ЕУ повикува Тел Авив да се воздржи од копнена инвазија.
- Техеран го одбил американскиот план во 15 точки, доставен со посредство на Пакистан како неразумен и максималистички. Порачуваат дека не се заинтересирани за примирје туку само за траен мир. Бидејќи двапати (и лани и годинава) биваат нападнати додека преговараат.
- Трамп повторно навести дека може да свири крај на војната без да го отвори Хормускиот теснец. Пошто европските сојузници не му помогнале, сами нека го отвораат за да си ја добијат нафтата. Тие имале доволно.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.