- Американците кумулативно потрошиле околу 45 милијарди долари повеќе на бензин и дизел за време на војната со Иран отколку во истиот период пред една година, според анализата на податоците за цените.
- Ако цените на бензинот останат близу до сегашните нивоа до крајот на 2026 година, JPMorgan проценува дека Американците ќе издвојат 172 милијарди долари повеќе отколку минатата година.
- Само во текот на март, американските авиокомпании потрошиле речиси 1,3 милијарди долари повеќе за керозин отколку во истиот месец лани, според Министерството за транспорт.
- Економистите веруваат дека поголемите поврати на даноци оваа година им помогнале на многу Американци да ги пребродат раните фази од шокот. „Враќањата драматично ќе се намалат во мај, оставајќи ги потрошувачите повеќе изложени на порастот на трошоците за гориво“, оцени Оливер Ален, виш американски економист во Pantheon Macroeconomics.
- Поскапувањето на горивото најсилно ги погодува потрошувачите со ниски и средни приходи, покажуваат анализите. Трендот се поврзува со падот на политичкиот рејтинг на претседателот Доналд Трамп, кој води кампања за преполовување на трошоците за енергија на Американците.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
- Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
- Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
- Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
- Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
- Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).