Денот кога интернетот се побуни

Во вторникот некои од најголемите веб страни и компании на светот кренаа глас против масовното прислушкување кое се откри во текот на изминатата година. Тоа беше само првиот чекор од предвидениот "бунт." Ова се бројките од само 1 ден:

- 37 милиони луѓе го видоа банерот The Day We Fight Back. Од нив 24 милиони Американци и 13 милиони од остатокот од светот.

- 555.000 мејлови испратено. Ова беше чисто за Американците кои пратија по 2 мејлови до своите два сенатори и еден меил до својот претставник.

- 89.000 телефонски разговори беа остварени, и уште 7.000 телефонски разговори не беа комплетирани затоа што дел од законодавците ги имаа исклучено своите телефони.

- 301.000 потписи. 245.000 ја потпишаа петицијата на necessaryandproportionate.org каде бараа приватноста да биде едно од човековите права. Дополнителни 56.000 се приклучија на петициите на causes.com и change.org.

- 420.000 споделувања на Фејсбук. Ова е бројката на споделувања само за официјалната страна.

- 84.000 твитови. Бројката на споделување на thedaywefightback.org на Твитер. #StopSpying и #StopTheNSA беа трендинг теми на Твитер.

- 1.000.000 единствени посетители на насловната страна на thedaywefightback.org. Бројката е собрана со помош на банерот, социјалните медиуми и околу 6.000 веб страни.

thedaywefightback.org

 

15 февруари 2014 - 16:30