Бојд објаснува дека тоа што сите се на едно место (односно на Фејсбук) е крајно чудно. Никогаш во историјата не се случило сите луѓе да го делат истиот социјален простор, бидејќи фрагментацијата е поприродна состојба на постоење.
"Дали твојата социјална динамика е водена од интерес или од пријателство.
Дали одиш на едно место затоа што таму се собираат и други луѓе заинтересирани за аниме, или одиш на тоа место затоа што таму ти се другарите од школо? Првото прашање е водено од интерес.
Имаше една тинејџерка со која разговарав, која е тотален фан на One Direction. Нејзиниот Твитер и беше нејзиното место за One Direction. Тоа значи дека сите нејзини пријатели знаат за нејзиниот Твитер, ама бидејќи не се фанови на One Direction тие не се на Твитер со нејзе. Меѓутоа сите тие заедно се на Инстаграм, затоа што тоа е забавно место на кое споделуваат фотографии. И таа го користи Инстаграм ама не става ништо за One Direction бидејќи тоа не е место за нејзината омилена група. Во меѓувреме, таа прави сосема трета работа на Тамблр, каде е дел од сосема трета заедница која се занимава со свое хоби.
Во ерата на Фејсбук мораш сите овие публики да ги балансираш истовремено. Си викаш: 'Дали ќе ми се налутиш ако објавам за One Direction? Дали ќе мислиш дека сум досадна ако пишувам за моето хоби?' Затоа мислам дека почнуваш да ја фрагментираш публиката кога ќе почнеш да размислуваш за тоа што ти бараш, па почнуваш да одиш на различни места, и ова истото го правиме ние како возрасни. Одиш во различни барови кога си во различно расположение. Се гледаш со различни луѓе кога сакаш да слушаш музика или кога сакаш во тишина да се напиеш пијачка со неколку пријатели," појаснува Бојд.
Според неа не е точно дека тинејџерите се откажуваат од Фејсбук: "Има разлика меѓу откажување од Фејсбук и тоа Фејсбук да не ти биде во центарот на твојот ден. Јас сум израсната со идејата дека 'You've Got Mail' (нотификацијата за добивање меил на АОЛ) е нешто возбудливо... Деновиве мојот однос со мејлот не е таков, ама тоа не значи дека го напуштив мејлот, туку не е некој пасиониран дел од мојот ден."
Моментално главниот проблем на Фејсбук (според Бојд) е што тој полека се претвора во алатка, нешто што тинејџерите сериозно го презираат. Втора работа тие излегоа на берза, а кога една компанија е на берза од неа се бара да прави што е можно повеќе пари за инвеститорите и тоа на квартално ниво. За да го направат ова тие ќе мора да привлечат уште корисници, да продаваат уште повеќе реклами и да се шират во други области (како што беше со Инстаграм и ВотсАпп).