Скандалозен коментар на Шенгун - велича масакр над Грците

Турскиот кошаркар и голема НБА ѕвезда Алперен Шенгун кој игра одлично на Европското првенство и ја одведе Турција во големото финале за првпат после цели 24 години, после историскиот натпревар со Грција објавил крајно срамен коментар на своите профили на друштвените мрежи.

После убедливиот триумф во кој Турција и одржа права лекција по кошарка на Грција, младиот 23-годишен Алперен Шенгун на друштвените мрежи објави фотографија и во опис напишал нешто што во слободен превод би значело: „Зар не би годел сега морскиот воздух“?

Станува збор за референца од крајот на грчко-турската војна кој се одвивал по крајот на Прва светска војна (1919-1922) и пред се за настаните во Измир последните години од судирот на двете земји.

И покрај залагањето на таткото на турската нација Мустафа Кемал Ататурк да се поштедуваат цивили односно наредбата со смрт да се казни секој турски војник кој ќе врши терор над цивилно население, тие кои се нашле на лице место не ја почитувале наредбата.

Пред се Насрудин Паша кој имал за цел да го протера христијанското население што резултирало со масакр на грчкото население во околината на Измир, палење куќи и правење зулуми во нивниот делови од Измир (на грчки Смирна).

Следела панична евакуција на грчкото население кога илјадници грчки граѓани и војници тргнале преку море до најблискиот спас. Но голем број од нив скокнал во море во надеж дека ќе доплива до спас.

Во тој хаос стотици се удавиле во морето.

Од тогаш почнува во најмала рака неумесна и ужасна шега на турските националисти дека Грците „од тој ден научиле да пливаат и да го карактеризираат грчкиот народ како 'добри пливачи'.

Иако се уште не е потврдено, на друштвените мрежи во текот на мечот, турски навивачи коментирале како „пак ги удавиле“ Грците.

Се очекува ФИБА да реагира но објавата кај Шенгун се уште стои.

Турција на спектакуларен начин ја разби Грција со Јанис

13 септември 2025 - 09:25