Главчев потврди дека е рекетираниот бизнисмен
12 септември 2025
- Бизнисменот и претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томислав Главчер потврди дека е подносител на кривичната пријавата против поранешните обвинители на распаднатото Специјално обвинителство, Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми.
- Во изјава за МКД.мк тој вели дека сака да верува во правда и дека со сериозни чекори се работи во предистрагата која е почната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по поднесената кривична пријава која се однесува на барање рекет за случајот „Поштенска банка“.
- Во тој случај тој беше обвинет заедно со други лица за перење на 5 милиони евра.
- Во предистрагата се испитува и дали Боки 13 бил вмешан и овде и дали тој заедно со поранешните обвинители му барале пари на бизнисменот.