Твитер и блуд

Според светските искуства активните твитерџии е далеку поверојатно да бидат неверни и да имаат проблеми со партнерот, што пак последователно ќе ја тера целата работа на развод.

Претходно во студија на Училиштето за новинарство на Универзитетот Мисури покажа дека колку повеќе луѓето користат Фејсбук, толку е поверојатно дека тоа ќе им ја упропасти врската, посебно ако таа е пократка од 36 месеци.

Истиот човек што ја правеше студијата за Фејсбук, Расел Клејтон, го разработува и Твитер, само тука открива дека активното користење Твитер може да има негативни последици на врската без разлика на нејзината должина.

Испитаниците во студијата на Клејтон се на возраст од 18 до 67 години, за да не излезе дека постапките на твитерџиите се должат на нивната младост и хормоните.

Иако не заклучил зошто точно се случува ова и како Твитерот те тера на неверност, Клејтон препорачува неколку начини како да го спречиш ова: "Корисниците треба да намалат на умерени и здрави нивоа на користење Твитер, ако се соочуваат со конфликт поврзан со Твитер или Фејсбук. Некои парови користат заеднички профили за да се намали напнатоста во врската, а има и некои апликации за социјални медиуми кои ја олеснуваат меѓусебната комуникација кај партнерите."

8 април 2014 - 09:55