Интернет коментарите, посебно анонимните го поткопуваат интегритетот на науката и создаваат култура на агресија и исмевање кои ја уназадуваат суштинската дебата, ова беше објаснувањето со кое уредниците на магазинот Популар Сајанс објавија дека ќе ги забранат коментарите на својот сајт.
Користејќи ја технологијата наречена Li-Fi, кинеските научници успеаа на интернет да поврзат четири компјутери со помош на една ЛЕД сијалица од еден ват.
Не, нема да го купува Вајбер, туку Твитер ќе се обиде својот систем на приватни пораки да го претвори во посебна апликација за испраќање пораки, како Вајбер.
Не би да девалвираме никого, посебно не луѓето од кои ни зависи постоењето на сајтов, ама еден бездомник по само 8 недели учење да програмира (со тутор) се подготвува да објави својата прва Андроид апликација.
Ноа Глас е човекот кој заедно со Џек Дорси го основаа Твитер, и човекот кој го смисли името на компанијата. На неколку дена пред излегувањето на берза, проценките се дека Глас од ова ќе заработи помалку отколку сегашната секретарка на Дорси. Џек Дорси ќе добие околу 500 милиони долари.
Пред претстојното излегување на берза на Твитер, сите ги интересира колку компанијата во просек заработува по корисник. Твитер не ја објави оваа информација, ама за тоа други му ја пресметаа.
Неколку месеци откако демонстрантите за малку ќе ја срушеа турската влада со помош на Твитер, сега истата таа влада одлучи отомански да го запоседне Твитер и најми - 6.000 твитерџии да твитаат за неа.
Анализа на онлајн врските покажала дека Твитер е најпопуларен начин за ќарување на потенцијалниот партнер, а по него следуваат пораките, па телефонските разговори.
ЦЕО-то на Јаху доби поддршка од Марк Закерберг, против критичарите кои тврдат дека технолошките компании направиле премалку за да го спречат шпионирањето од страна на НСА. Мајер претходно откри дека сите директори што ќе објавеле владини тајни ги чекала затворска казна.
Како што најголемите ѕвезди во светов имаат свои менаџери, така и Грампи кет, Скамбег Стив и Ridiculously Photogenic Guy, имаат човек кој се грижи за нив.
Изгледа како цел живот да е тука, ама го има само 15 години. Во овој период компанијата промени буквално сè и во технологија и во живот и во начин на работа. Ова се 15 работи што не сте ги знаеле за Гугл.
Ако им верувате на маркетинг видеата на Фејсбук, социјалната мрежа кај своите корисници создава топли и убави чувства, ако им верувате на психолозите прегледувањето на вашиот ѕид само прави да ви биде грдо.
Прво режисерот на серијата, а сега и директорот на Тајм Ворнер изјави дека е комплетно задоволен што нивното шоу е толку пиратирано. (ХБО е компанија на Тајм Ворнер)
Ако имате милениче и неговото име го ставите за пасворд (дури и во комбинација со 1 или 12), Гугл сака да ви каже дека не ви се они виновни што ве хакнале.
На Твитер работите се доста јасни, имаш текст, слика и видео, и сите тие се прилично едноставно презентирани, без премногу труд околу визуелното искуство на корисниците. Барем на еден дизајнер не му се допаѓа како ова функционира до сега.
Кога Јаху даде 1 милијарда долари за Тамблр, од компанијата ги уверуваа корисниците дека треба да бидат раат бидејќи нивното порно никој нема да го закача. Два месеца подоцна Тамблр и Јаху дојдоа до решение како да го остават порното, а пак да вадат пари од сервисот.
Во борбата за спречување на пиратерија на Троновите, ХБО побара од Гугл да го забрани симнувањето на VLC, најпознатиот видео плеер што веројатно го има на секој можен компјутер.
За да не се објаснува теоретски за тоа како може да настрадате на интернет од споделување на своите податоци, белгиска банка им приредува комплетен кошмар на своите клиенти крадејќи им го нивниот живот.
Како што добар дел од работите кои ги гледаме во порното се преувеличени, така и бројките за тоа колку има порнографија на интернет се сериозно преувеличени.
Џинот во онлајн продажбата планира огромно проширување на АмазонФреш, сервисот за испорака на месо, млеко и останати свежи и замрзнати производи. Од ова се очекува да имаат профит од - 0 долари.