Целата идеја на која работат научниците од Фудан Универзитетот од Шангај е дека наместо радио бранови, за пренесување на безжични сигнали можат да се користат лед сијалички. Според нивните процени ваква сијаличка со вграден микрочип би можела да постигне интернет брзина од 150 мегабити.
Професорката Чи Нан, која го води проектот, објаснува дека целиот сегашен систем на радио бранови е крајно неефикасен бидејќи на пример за функционирањето на мобилните телефони низ светот се поставени милиони базни станици за засилување на сигналот. Таа признава дека и нејзината технологија има проблеми, "ако го блокираш светлото, ќе се прекине и сигналот," меѓутоа дека допрва ќе се работи на ова.
Терминот Li-Fi во 2011-та го состави професорот Харалд Хаас од Универзитетот во Единбург, и е кратенка од "light-fidelity."